| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем има уште пари за трошење од Бејл, следен за купување е Пирло

Тотенхем има уште пари за трошење од 100-милионскиот трансфер на Герет Бејл во Реал Мадрид, а следен за купување е Андреа Пирло. Ветеранот игра одлично за Јувентус и во поодминати години за фудбал (34) го презентира сиот сјај на фудбалската игра.

Тотенхем потроши многу пари за ангажманот на Ламела, Ериксен, Чадли, Кирикеш, Паулињо и Солдадо, но им фали плејмејкер, па Пирло е пред преселба во Лондон. Трансферот ќе биде лесен за реализација бидејќи раководството на Јувентус објави дека нема да му го продолжи договорот на италијанскиот репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top