| четврток, 6 декември 2018 |

Николас Кејџ дозна дека го има на насловна од српски учебник

Холивудскиот актер Николас Кејџ неодамна дознал дека негова слика се наоѓа на насловната страница на српски учебник по биологија за осмо оделение, фотографија која подолго време кружи на социјалните мрежи.

Таа информација му ја кажала новинарката Наталија Милетиќ, која со него разговарала за време на 63. издание на Филмскиот фестивал во Берлин.

Таа му го покажала учебникот и го прашала што мисли за тоа?

– Не знам зошто сум на насловната на учебник по биологија. Не знам која е заднината на таа приказна, но сликата е убава. Холи и јас изгледаме добро на таа фотографија – одговорил Кејџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top