Можеби одамна не сме слушнале нешто ново од неа, но Маја Гроздановска-Панчева, иако тивко и полека, работи на својот нов албум. Поп-пејачката неодамна во едно интервју изјави дека е целосно посветена на сопругот, фудбалската легенда Дарко Панчев, и на нивните две ќерки Надица и Марија.
Но, според нејзината последна фотографија, таа не заборава ни на себе. Атрактивната русокоса, иако штотуку влезе во петтата деценија од животот, изгледа подобро од кога било.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.