Мурињо, кој важи за тренер што јавно говори за работите што не му се допаѓаат во фудбалот, не можеше да остане рамнодушен на „актерските потези“ на двајцата фудбалери на кои наседнаа арбитрите.
– Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, е казнет со два натпревари бидејќи разговарал со судијата, и тоа четвртиот судија. Но, што се случува со Нејмар и Балотели. Сѐ зависи од челниците на Европската фудбалска федерација. Јас сум никој и ништо за да се уважи моето мислење. Ако сега не се направи нешто во однос на тоа, тогаш истото ќе ни се повторува – критикуваше Мурињо, очекувајќи дека УЕФА ќе ги разгледа наведените ситуации и дека ќе изрече санкции за двајцата фудбалери.
Балотели одглуми пенал за Милан на дуелот со Ајакс, додека Нејмар имаше заслуга за исклучување противнички играч на гостувањето на неговата Барселона кај Селтик. Овие натпревари беа од 2. коло на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.