По завршувањето на натпреварот на француското дерби меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ, гостинските играчи добро се насмеаја откако Езекиел Лавеци му направи евтин трик на камерманот.
ПСЖ со играч помалку успеаја да го свртат резултатот и да ги однесат трите бода, а доброто расположение Аргентинецот Лавеци се обиде да го крене уште повеќе.
Додека камерманот си ја работеше својата работа, тој клекна пред него и му направи пречка, а камерманот, нормално, падна.
Ваков случај многу ретко може да се види, а Лавеци може да добие и казна поради невкусната шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.