| четврток, 6 декември 2018 |

Украден котел за парно греење полн со злато

zlato

Злато во вредност од 48.000 евра било украдено од работилница во тетовското село Боговиње, информираат од полицијата.

Златото било сокриено во котелот за парно греење. Случајот го пријавил во полиција сопственикот на работилницата и на куќата, 54- годишниот С.Н.

Златото му било оставено на чување, а припаѓало на сестрата на неговата сопруга, која била на привремена работа во Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top