| четврток, 6 декември 2018 |

Краделе бакарен лим од црква

ограбена цркваДеветнасетгодишен велешанец и еден малолетник од Прилеп се осомничени за крадење бакарна ламарина од црквата „Св. Архангел Михаил“ во гостиварското село Тумчевиште. Полицијата од Тетово соопшти дека Ш.З. (19) и малолетникот биле приведени, непосредно по кражбата.

Двајцата биле забележани како заминуваат со автомобил „застава 101“ со приколка, од жител на селото кој се наоѓал близу до црквата. Случајот го пријавил во полициското одделение во Чегране, чии службеници набрзо го нашле посоченото возило. Во автомобилот имало 11 парчиња бакарна ламарина, бакарна жица и лимарски клешти. По расветлување на кражбата, СВР Тетово најавува соодветни пријави.

Црквата „Св. Архангел Михаил“ изминатава година двапати беше провалувана и сквернавена, а сторителите не беа откриени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top