| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо: Би сакал кариерата да ја завршам во ПСЖ

Поранешниот фудбалер на светот Роналдињо, остави отворена можност да се врати во редовите на францускиот клуб ПСЖ.

-ПСЖ денеска е многу силен тим. Во овој момент не размислувам за мојата фудбалска кариера, но ПСЖ е тим во кој сигурно би сакал да ја завршам кариерата- рече 33-годишниот фудбалер кој го носеше дресот на парижаните од 2001. до 2003. година.

Роналдињо моментално игра за тимот на Атлетико Минеиро каде ја носи и капитенската лента. Според мислењата на многумина тој во јануари би можел да се пресели во Европа со цел да ги зголеми шансите за да обезбеди место во бразилската репрезентација, која ќе биде домаќин на Светското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top