| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 25 загинати во судирите во Египет

Најмалку 25 луѓе загинале и стотици други се повредени во денешните пресметки во Египет помеѓу приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси и полицијата, соопшти претставник на тамошното министерство за здравство.

Судирите почнаа откако приврзаници и противници на соборениот од власт претседател Мохамед Морси излегоа на протести на улици во многу населени места.

При маршот кон плоштадот Тахрир избил судир меѓу исламистите и противниците на Морси од локалното население, при што се вмешала полицијата која за да ја растера толпата употребила солзавец, додека подоцна според очевидци, се слушале истрели од тешко огнено оружје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top