Фудбалерскиот ас Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија ја продадоа нивната вила во Хелтфордшир за 12 милиони долари.
Според пишувањето на „Сан“ славниот пар и нивните четири деца ќе ја напуштат куќата, која поради раскошот Британците ја нарекуваа „Бекингемска палата“ и после Божиќ ке се вселат во новата вила која чини 45 милиони фунти.
Бекамови вилата ја купиле пред 14 години за цена од 2,5 милиони фунти, па така во џеб си ставиле скоро 10 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.