| четврток, 6 декември 2018 |

Осуден командант Коки

Скопскиот Кривичен суд му пресуди 6 месеци затвор на Никола Георгиев познат како Командант Коки заради напад врз полицаец

komandat-kokiСудот пресуди во корист на Обвинителството, според кое на 23 декември Георгиев не им застанал на полициските „Алфи” додека возел брзо на улицата „Иво Лола Рибар” а по него биле вклучени сигналните уреди. Набргу било повикано и засилување. Кога „Алфите” успеале да го застанат, Георгиев одбил да соработува, повлекол еден од полицајците за врат и му удрил бокс. Полицаецот паднал на земја во бесознаие.

Одбраната, според Плусинфо, тврдела дека исказите и доказите на полицијата не се совпаѓаат, а потресот на мозок кај полицаецот бил констатиран само според негов устен исказ дека му се лоши, има главоболки и вртоглавици.

Бидејќи за Георгиев ова не е прво вакво обвинување, Судот сметал дека тој може да го повтори делото и ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top