Економијата во Грција ќе биде и следната година во рецесија – седми пат по ред, а невработеноста ќе биде на рекордно ниво – 28,5 отсто, наведува во анализа рејтинг-агенцијата Стандард енд Пурс.
Агенцијата очекува и намалување на БДП за еден отсто во следната година. Потврден е и рејтингот за Грција – „В-“.
Високото ниво на долгот како и ризиците од политичка и социјална нестабилност се основни фактори врз кои се изведени анализите на Агенцијата. Оваа година БДП на Грција регистрира пад од четири отсто. Прогнозата на Стандард енд Пурс е во согласност со очекувањата на грчката Влада и меѓунардоните кредитори кои сметаат дека економијата ќе бележи извесен раст идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција