| четврток, 6 декември 2018 |

Германија се повлече од Авганистан

zenite vo vojnata vo avganistan (5)Германија денеска свечено ја предаде воената база во Kундуз на северот на Авганистан на управување на локалните сили за безбедност на предавањето присуствувале министерот за одбрана Томас де Мезијер и за надворешни работи Гидо Вестверле.

Де Mезијер рекол дека Кундуз влијаел на Будесверот  како „ниедно друго место“, потсетувајќи на 20 германски војници од 35 загинале во борбите во оваа провинција на  Авганистан.

Околу 20.000 германски војници биле стационирани во воената база во Кундуз, во текот на десетгодишната операција. Целосното повлекување на германската единица ќе биде до крајот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top