| четврток, 6 декември 2018 |

Конзулите на консултации за идното деување

mnrТриесетина почесни конзули на Република Македонија во странство од различни земји во светот допатуваа во земјава на покана на Министерството за надворешни работи, од денеска до 10 октомври годинава.

Почесните конзули на Република Македонија утре ќе остварат работен состанок со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски, при што покрај анализа на досегашната работа ќе бидат утврдени приоритетите за нивното идно делување.

Почесните конзули во Охрид во вторник ќе имаат работна средба со највисоките владини претставници од различни сфери. Тие ќе се сретнат со градоначалниците на Скопје, Коце Трајановски, на Битола, Владимир Талески и на Охрид, Никола Бакрачески.

Во нивна чест, претседателот Ѓорѓе Иванов, денеска приредува прием во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top