| четврток, 6 декември 2018 |

Навечер и во викенди немало фискални

ujp kolaВо Свети Николе, Дебар, Кривогаштани и Струга се регистрирани случаи на неиздавање фискални сметки во вечерните часови и за време на викендите.
Управата за јавни приходи денеска информира дека при контролите на мобилните екипи утврдено е дека од 25 деловни објекти кај кои имало неправилности, два воопшто не поседувале фискална опрема.
– И покрај тоа што најголемиот број на затворени објекти се во Скопје (над 150), сепак според анализите од досега извршените контроли, во помалите градови е увидена поголема фискална недисциплина, како што е примерот со Свети Николе, Дебар и Крушево, велат од УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top