| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ го објавува индексот на цените на становите

нбрм логоНБРМ на својата интернет-страница започна да го објавува индексот на цените на становите, како одговор на актуелноста и зголемениот интерес на јавноста за податоци поврзани со пазарот на недвижности. Оттаму информираат дека податоците ќе се објавуваат на секои три месеци, во рамки на билтените на НБМ, почнувајќи од билтенот за квартал 2, 2013 година.

Во НБМ објаснуваат дека индексот на цените на становите е изготвен од страна на НБМ за територијата на Скопје. Индексот е изготвен врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Според најновите податоци на НБМ, во првите две тирмесечја од годинава има пад на цените на становите од 2 и од 0,5 отсто, а во третото тримесечје има пораст на цените од 1,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top