| четврток, 6 декември 2018 |

Се уништува сириското хемиско оружје

sirija hemisko oruzjeИнспекторите на организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) и на ОН денеска започнаа со уништување на сирискиот хемиски арсенал, изјави извор од меѓународната мисија.
Екипата заминала во објект, каде ќе започне да го проверува и уништува хемиското оружје кое се наоѓа во него.
Првата група инспектори пристигна во Сирија во вторникот. Тие имаат задача да раководат со процесот на уништување на сирискиот хемиски арсенал, кој треба да заврши до средината на следната година согласно меѓународниот договор, склучен меѓу Русија и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top