Мразот и минусните температури кои во петокот вечерта беа измерени во западниот дел на Македонија, направија непроценливи штети на градинарските култури. Овој проблем во најголема мера го почуствуваа земјоделците од кичевско-демирхисарскиот регион. Земјоделците се жалат дека се што затекнале во полето било смрзнато и не служило за прехрана на луѓето, пренесува Нова Македонија. Според пренесените изјави, од мразот во една ноќ, оштетени се меѓу 40 и 100 проценти од родот што не бил собран од нивите.
– Други години пиперки сме продавале безмалку до нова година, а сега на почетокот на октомври заврши сезоната. Штетите допрва ќе ги проценуваме, но тие во секој случај не се мали- го пренесува весникот Илија Петрески производител на градинарски култури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


