Американската централна Влада, која од вторникот е без буџет, испрати дома околу 800.000 вработени, а од нив речиси половина се вработени во Секретаријатот за одбрана.
Но, секретарот Чак Хејгл вчера соопшти дека донел одлука речиси сите испратени на принуден одмор да ги прогласи за неопходен персонал за одржување на националната безбедност и да ги врати на работа од следната недела. Со тоа, значително се ублажуваат последиците кои се очекуваше САД да ги претрпат поради буџетската блокада.
Двете партии застапени во Конгресот се согласни дека не сакаат Владата, а особено не армијата, да бидат блокирани, но и покрај тоа не можат да се согласат околу буџетот, за кој опозициските републиканци инсистираат да се донесе без здравствената реформа „Обамакер“, додека демократите бараат да биде изгласан во целина.
– Законот ни дозволува да го запреме принудниот одмор за сите кои придонесуваат кон моралот, благосостојбата, подготвеност и опременоста на армијата, изјави секретарот Хејгл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум


