Реал Мадрид го доби кошаркарското „Ел Класико“ во Шпанија против вечниот риувал Барселона и го освои Супекупот. Со 83-79 „кралевите“ беа подобри од каталонската гордост и стасаа до првиот пехар во сезоната.
Центарот Никола Миротиќ кој имаше желба да игра за Шпанија на ЕП, но не беше повикан од селекторот Оренга, испрати вистински демант со блескавата партија на теренот. Постигна 20 поени, најмногу во редовите на Реал Мадрид и заедно со Серхио Родригес (18 поени) беа најзаслужни за победата.
Кај Барселона поранешниот член на Реал, Анте Томиќ ги птрезентираше врвните квалитети со 21 поен и 8 скока. Одлично одигра и Бразилецот Уертас со 17 поени, но на крајот сепак Каталонците мораа да му честитаат на големиот ривал за освоениот трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија


