Вработените во ОУ Санде Стерјовски во Кичево во наредните 6 месеци ќе издвојуваат по 470 денари од својата плата за да се платат сметките на ова училиште за струја, вода и телефон. Заостанатиот долг на училиштето е 7000 евра.
Одлуката е донесена по налог на директорот Лулзим Мехмети. Наставиците гласале за оваа одлука исплашени од заканите дека доколку таа не помине ќе се интезивираат државните инспекции.
Општината Кичево во чија надлежност се наоѓа ова Основно училиште не не во можност да ги подмири долговите поради тоа што и е замрзната сметката. Според извори на НОВА праксата без преседан која се применува сега во ОУ Санде Стерјоски ќе се примени и во други училишта во оваа општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.