Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра извонреден меч за Фенербахче против Кевин Дјурент и останатите супеѕвезди од НБА тимот Оклахома тандерс. Бо постигна 13 поени, со неколку екстра-атрактивни потези со што уште еднаш потврди дека без проблем можа да игра во најсилната лига на светот, НБА.
Мечот се играше во Истанбул, а гостувањето на НБА тимовите во Турција полека стануваат традиција, откако и лани Фенер одигра пријателски меч со Бостон Селтик. Лани победија домаќините, а овојпат Оклахома беше подобра и славеше со 95-81. Кевин Дјурент постигна 24 поени, 5 повеќе од Бојан Богдановиќ, кој беше најефикасен кај поразениот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


