| четврток, 6 декември 2018 |

Многучлено гостиварско семејство во пожар ја изгуби куќата

pozar

Покрив и еден кат од куќа изгореа во пожар, синоќа во гостиварската населба Грудајци.

Огнот ја уништил покуќнината и повеќето лични предмети на семејството, а едно лице се здобило со полесни повреди.

Според информациите од противпожарната единица Гостивар, пожарот бил пријавен синоќа околу 21 часот, по што се дејствувало со три возила. И покрај интеревницјата, огнот брзо се ширел ги „проголтал“ покривот и катот од куќата.

Дритон Абдули, син на сопственикот на куќата, вели дека пожарот започнал по силен звук на таванот, по што сите членови ја напуштиле куќата. Семејството упати апел до надлежните институции да им се помогне, бидејќи како што рекоа, не можат сами да ја надминат несреќата која ги снашла. Во единаесетчленото семејство има и три малолетни лица.

Во моментов, екипа на СВР Тетово врши увид и ги расветлува причините кои довеле до пожарот. Материјалната штета сé уште не е утврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top