| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП затвори 21 објект во Штип и осум во Гостивар

ujp

Вкупно 21 објект во Штип и осум во Гостивар се затворени при последната акција на Управата за јавни приходи (УЈП), поради, како што е соопштено, „профитирање“ на сметка на данокот кој го плаќаат граѓаните.

Во соопштението на УЈП се прецизира дека од наведените објекти, два биле трговци-поединци кои вршат дејност од мал обем за кои е предвидена и помала глоба од 750 евра.

За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра.

„Граѓаните при купување на добра и користење на услуги задолжително да побараат фискална сметка со цел да се осигураат дека данокот, кој тие го плаќаат како потрошувачи, да не заврши во нечии „приватни џебови“, се порачува во соопштението на УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top