| четврток, 6 декември 2018 |

„Таксират“ по петти пат меѓу најдобрите

„Таксират“ Фестивал повторно е номиниран меѓу најдобрите фестивали во Европа кои се вклучени во изборот за Европските фестивалски награди. Ова е петта номинација по ред на „Таксират“, кој воедно е и единствениот фестивал од Македонија кој влегол во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа.

Годинава „Таксират“ е номиниран во две категории и тоа Најдобар мал фестивал (Best small festival) и Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор (Best indoor festival).

Гласањето е веќе отворено за јавноста и ќе се спроведува до сѐ до 1 ноември 2013 на овој линк http://euvoting.festivalawards.com. Во секоја категорија може да се гласа само за еден фестивал, а со секое гласање влегувате во извлекувањето за „Dream Summer“ наградата, со која среќниот добитник ќе биде награден со по две влезници за победничкиот фестивал од секоја категорија. Победниците на Европските фестивалски награди ќе бидат прогласени на свечената церемонија која ќе се одржи на 15 јануари 2014 во Гронинген, Холандија, на отворањето на конференцијата Eurosonic Noorderslag.

Наградите се доделуваат во повеќе категории од кои само за одредени одлучува тим на експерти од музичката индустрија кои ги вреднуваат стручните организациските елементи кои се одвиваат зад сцената и за кои публиката не е секогаш свесна. Во повеќето од категориите, вклучувајќи ги и двете номинации на „Таксират“, за наградите одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фановите имаат можност да им покажат на организаторите колку и каде најмногу уживале.

„ТАКСИРАТ“ е најголемиот музички фестивал во Македонија, но и единствениот зимски музички фестивал во југоисточна Европа. Низ годините фестивалот прерасна во собирен центар на десет илјадници посетители, а токму бината на „Таксират“ е местото на кое настапија најеминентните имиња на домашна, но и светска музичка сцена.

Оваа година „Таксират“ го прославува и својот петнаесетгодишен јубилеј во чии знак веќе се одржаа повеќе музички настани. Во тек се подготовките и за фестивалското финале на „Таксират 15“, на кое во декември нѐ очекува офф-програмата и главната фестивалска вечер со повеќе значајни артисти од светската и домашна музичка сцена, во препознатливата фестивалска атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top