| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се плаќа за пасење добиток на државно земјиште, изгор казни за узурпирање туѓа нива

Се предвидува во скоро време да се донесе закон со кој земјоделците кои чуваат стока да и плаќаат надомест на државата за користењето на државното земјиште. Со истиот закон се предвидува парична казна од 1500 до 3000 евра доколку земјоделците напасуваат стока на туѓа нива а за нејзино користење немаат склучено договор за концесија.

Земјоделците ќе плаќаат казна и доколку узурпираат или разоруваат пасишта кои се во државна сопственост.

Со измените на законот, се дефинираат времетраењето на договорот, кој може максимум да биде до 10 години, начинот на водење регистар на пасишта во државна сопственост, забраните за разорување и узурпација на пасиштата и прекршочните одредби.

Покрај паричната казна, земјоделците можат да добијат и забрана за вршење дејност во времетраење од една до три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top