| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје ќе одлучува кога ќе почнува грејната сезона?

Можно е Градот Скопје, зависно од временските услови, да покрене иницијатива со која ќе си ги врати ингеренциите да одлучува за порано почнување на грејната сезона, објави „Економски“. Како што изјави денеска градоначалникот Коце Трајановски одговорајќи на новинарско прашање, Советот за ова разговарал повеќепати и допрва ќе го разледува.

– За оваа работа се дискутирало и сигурно ќе биде една од нашите активности во следниот период, рече Трајановски кој присуствуваше на акцијата „Читај книга и подари здравје“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top