СВР Куманово поднеле кривична пријава против Д.В.(32) од село Младо Нагоричане за кривично дело предизвикување општа опасност.
На 27-ми септември лани, во село Младо Нагоричане, пријавениот под дејство на алкохол дошол во дворното место од куќата на неговата сосетка В.П. и предизвикал пожар на кровната конструкција од помошните објекти, при што биле изгорени поголема количина складирани бали со детелина, слама, житни производи и концентрат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.