Министерот за странски инвестиции без ресор во владата на Република Македонија, Бил Павлески во петокот оствари работна посета на Општина Велес. Средбата со градоначалникот Славчо Чадиев беше искористена за разгледување на социо-економска положба во општината, целокупната слика во стопанството како и можностите за привлекување на странски инвеститори во Велес.
Посетата двајцата соговорници заедно со стручни лица од министерството и локалната самоуправа ја искористија и за разгледување на неколку локации погодни за создавање на нови индустриски зони, како основа за привлекување на инвестиции и забрзан локален економски развој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


