| четврток, 6 декември 2018 |

Иконите повторно на мета: 40 украдени од црквата во Голеш и 7 од селото Дуф

Битолската полиција започнала голема истрага по засега непознатиот крадец кој украл 40 икони од црквата „Св.Преображение“ што се наоѓа во битолското село Гопеш.

Од СВР-Битола потврдуваат дека по дојава извршиле увид во црквата во селото Гопеш и констатирале дека кражбата најверојатно е извршена во периодот од 29 септември до 4 октомври.

 Од црквата Св. Богородица пак во гостиварското село Дуф беа украдени седум стари икони со непроценлива вредност. Тетовската полиција информира дека кражбата била извршена меѓу 2 и 3 октомври од непознати сторители.

Во селото велат дека тука, во црквата Св. Богородица, за првпат се случува кражба. Според начинот на извршување на кражбата, очигледно е дека арамиите добро ја познавале црквата и вредните икони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top