На ѓерданот украсен со дијаманти се наоѓа и еден 407 каратен дијамант со големина на јајце. Ѓерданот е познат по името “L’Incomparable” или “Неспоредлива”, а дело е на изработувачот на скапоцени накити “Mouawad”. Околу големиот дијамант се наоѓаат 90 помали дијаманти од по 230 карати.
Според последните информации, досега интерес за купување на овој ѓердан покажале неколку потенцијални купувачи од Азија. “Луѓето кои што купуваат вакво нешто, тоа го гледаат од сосема поинаква перспектива затоа што ова е дефинитивно огромна инвестиција”, изјавил Џин Наср, директор на “Mouawad”.
Големиот дијамант бил пронајден од страна на девојче од Конго во еден рудник пред цели 30 години. Сингапур важи за еден од најголемите домови на мултимилионерите, па затоа е и честа дестинација за милијардерите кои што сакаат да купуваат вредни нешта.
Се со цел да се обезбеди максимална безбедност, за чувањето на ѓерданот се ангажирани и вооружени чувари во цивили, а поставени се и детектори на движење, како и непробојни изложбени кутии. Ѓерданот минатата година бил запишан и во Гинисовата книга на рекорди како најскап во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.