
Жестоки судири меѓу полицијата и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси денеска избија во повеќе градови во Египет. Според Би Би Си, во центарот на Каиро се слушале истрели од огнено оружје и експлозии, а инциденти имало и во Александрија и во уште неколку други поголеми места.
Демонстрантите стигнале до плоштадот Тахрир а биле распоредени и на уште неколку други локации на кои престојуваат повеќе недели по соборувањето на претседателот. Тие бараат Морси повторно да се врати на власт. Поранешниот претседател не е виден во јавност од денот кога беше симнат од претседателската функција со обвинение дека поттикнувал насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


