
Директорот на Македонска пошта, Рафиз Алити ќе биде повикан да сведочи во истрагата во која е осомничен неговиот близок соработник, јави Канал 5.
Алити пред два дена тврдеше дека шефот на кабинет кој е приведен во врска со пожарот во поштата е невин, а апсењето политички мотивирано. Тој се очекува да застане во одбрана на неговиот помошник и пред обвинителот.
Во ДУИ молк за апсењето. Барем за сега. Портпаролот Бујар Османи вели дека нема да го коментираат случајот додека трае истрагата. Со став ќе излезат откако ќе видат како се расплетува случатјо.
Шефот на кабинет на Алити е уапсен девет месеци по пожарот кој според истрагата, избувнал во неговата канцеларија. Како бил предизвикан за сега не се открива. Нема детали за истрагата ниту од МВР, ниту од обвинителството, а не коментира ниту одбраната на осомничениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


