Само во последните два дена се затворени 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и во Бутел
Шеесет и пет проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот, покажуваат контролите на УЈП спроведени минатиот месец. Повеќе од 400 објекти не го прикажувале во целост готовинскиот промет од своето работење и плаќале помалку данок.
УЈП денеска соопшти дека само во последните два дена се затворени 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и во Бутел. Во еден случај е поднесена и кривична пријава поради неовластено отстранување пломба на објектот.
Со цел реално оданочување, УЈП паралелно со интензивните контроли во делот на фискализација, ја применува и мерката „попис“ посебно кај ризичните дејности, што значи проверка и пребројување на целата стока и производи во сите деловни единици на даночниот обврзник.
– Место плаќање казни, неовластено симнување на лентите и на пломбите на запечатените објекти, обиди за спречување на контролите на Управата (уништување на деловни документи, бегање на обврзниците со прометот, напади и закани на даночниците и сл.), ги повикуваме обврзниците да издаваат фискални сметки, што е поедноставно и поисплатливо од казните – соопштуваат од УЈП.
Од УЈП укажуваат дека сите даночни обврзници што не се информирани во врска со своите обврски и начинот на регистрирање на готовинскиот промет, може да се обратат во даночните канцеларии каде што се организираат едукативни средби. Од почетокот на годината, УЈП има повикано 500 обврзници (правни и физички лица) на едукативни средби во делот на фискализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство