| четврток, 6 декември 2018 |

Су­леј­ман Шварц: Ва­ха­би­сти­те во офанзива против умерените муслимани на Балканот

schwartz_jan2013.1

 

Ве­ру­вам де­ка Ис­лам­ската верска за­ед­ни­ца во Македонија ја откри сво­ја­та фа­на­тич­на аген­да со про­гонс­тво­то на бе­кта­ши­те во Те­то­во, ка­ко и со ука­жа­на­та го­сто­прим­ли­вост кон бра­ќа­та Ра­ма­дан и Европ­ска­та мус­ли­ман­ска мре­жа. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, мо­же да се зак­лу­чи де­ка Ис­лам­ска­та за­ед­ни­ца во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе е под кон­тро­ла на ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри од над­во­реш­ни­от ре­ги­он, вели во интервју за неделникот Република аналитичарот Стефан Сулејман Шварц, из­вр­шен ди­ре­ктор на Цен­та­рот за ис­лам­ски плу­ра­ли­зам и на Ме­ѓу­на­род­на­та мре­жа на уме­ре­ни мус­ли­ман­ски на­уч­ни­ци, све­ште­ни­ци, ин­те­ле­кту­ал­ци и но­ви­на­ри рас­про­стра­не­та во по­ве­ќе од 20 др­жа­ви.

Шварц, зборувајќи за ри­зи­ци­те од ис­лам­ски­от ек­стре­ми­зам на Бал­ка­нот и во Ма­ке­до­ни­ја тврди дека балканските муслимани веќе се цел на радикалните структури во Муслиманското братство и во вахабистичкото движење.

Ова мо­же  да го за­бе­ле­жи се­кој што го по­се­тил овој ре­ги­он и е за­поз­на­ен со та­мош­на­та си­ту­а­ци­ја. Ка­ко нај­на­си­лен при­мер би го на­вел те­ро­ри­стич­ки­от на­пад врз Бе­кта­шка­та за­ед­ни­ца од Ара­ба­ти ба­ба-те­ќе­то во Те­то­во, из­вр­шен од стра­на на ва­ха­би­стич­ки­те ра­ди­ка­ли под­др­жа­ни од Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца на Ма­ке­до­ни­ја. Оваа си­ту­а­ци­ја бе­ше пре­поз­на­е­на и ве­ќе 10 го­ди­ни е кри­ти­ку­ва­на од Стејт де­парт­мен­тот на САД. Втор по­ка­за­тел за ло­ша­та си­ту­а­ци­ја со ма­ке­дон­ски­те мус­ли­ман­ски за­ед­ни­ци се и ло­кал­ни­те актив­но­сти на Ис­лам­ски­от мла­дин­ски фо­рум, поз­нат по ини­ци­ја­ли­те ФРИ, кој во 2011 го­ди­на бе­ше до­ма­ќин на пре­да­ва­ње­то за европ­ски­от ис­лам, вели Шварц.

Целото интервју со американскиот аналитичар Стефан Сулејман Шварц, кој важи за одличен познавач на проблемите на муслиманите на Балканот, можете да го прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 4 октомври 2013 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top