Ова место е повторно во центарот на вниманието, затоа што претставува закана за Европа, а означено е како легло на тероризмот.
Горња Маоча, село во БиХ, е оддалечено триесетина километри од граница со Хрватска и е познато е по тоа што го населуваат вахабиите. Тоа е легло на тероризмот, а по страшниот масакр во Париз ова место е во центарот на внимание на сите регионални медиуми.
Во него живеат околу 20 семејства кои во целост се отсечени од остатокот на светот!
На самиот влез во селото постојано има патрола која ги легитимира жителите, а сигналот на мобилниот телефон исчезнува штом ќе се стапне во селото.
Горња Маоча се смета за центар на радикалните исламски групи, а неговите жители се речиси цела деценија под истрага на полициските и на разузнавачките агенции поради сомнеж дека се поврзани со тероризмот.
-Сакам целиот свет да биде со муслимани, да го сретнат Алах како муслимани. Сакам целиот свет да биде исламски затоа што тоа е добро за сите – му изјавил на новинар од хрватскиот портал „Проверено“ Јасмин Мустајбашиќ, дипломиран правник кој пред седум години го напуштил „надворешниот свет“ и дошол да живее во вехабиското село Горња Маоча во Федерацијата БиХ.
Голем број мажи од ова село се апсени поради исламскиот екстремизам. Еден од нив е и Фикрет Зукиќ, кој е уапсен во полициска акција „Дамаск“, а чии синови се борат во Сирија.
-Ако некој од синовите загине во џихад, тој нема да биде прашан за гревовите. Така наложи Алах, дека во џенет (рај) ќе влезе без какви било прашања. Значи, ако нешто би му се случило, тоа би било во присуство на Алах. Ако загине, нема да тагувам затоа што ние веруваме дека Алах на него ќе му одреди каде ќе загине – му кажал Зукиќ на репортерот на порталот „Проверено“.
Горња Маоча порано се викало Каравласи, по романските Роми кои живееле во тоа село. За време на војната во БиХ селото етнички е исчистено од сите Срби кои тука живееле пред војната.
Ова село повторно се најде во центарот на вниманието откако се случи маскар во Париз.
Специјалците упаднале во селото и ја претреселе куќата која го развиорила знамето на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.