Двајца скопјани вчера ограбиле возило паркирано во кругот на Државниот универзитет во Тетово од каде што украле лаптоп, но подоцна биле откриени и уапсени.
Станува збор за 24-годишниот Е.Џ. и за 31-годишниот А.С. кои вчера околу 14 часот пристигнале во кругот на Државниот универзитет во Тетово со автомобил марка „опел корса“.
Со погоден клуч провалиле во „аудито“, а додека ја краделе чантата со лаптоп-компјутерот, биле забележани од обезбедувањето, па влегле во својот автомобил и почнале да бегаат. При тоа му ја повредиле раката на еден од вработените во обезбедувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.