| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе интернет-тргување на финансиските пазари

берзаИнтернет-тргувањето на глобалните финансиски пазари станува сѐ поатрактивно и за Македонците. Според податоците на платформата за тргување „ФХ лидер“, 63 проценти од Македонците се приклучени на интернет, од нив 1,3 отсто се одлучиле за е-инвестиции. На овој начин на инвестирање се овозможува директен пристап до секој кој има интернет конекција и слободни финансиски средства.

Како најатрактивни финансиски производи за тргување на глобалните пазари ги посочуваат златото, нафтата, среброто и дел од берзанските индекси. Тргувањето со валути, пак, се смета за најсигурно. Сепак, како што посочува генералниот менаџер на „ФХ лидер“, Зеви Голдмен, на прес-конференција во Скопје, треба да се има предвид дека секој бизнис носи ризик, но и дека збогатувањето не може да биде преку ноќ.

– Тука се остварува голем профит, но има и негативни случаи кога луѓето губат пари оти глобалниот финансиски пазар е пазар каде што се тргува со висок ризик. Ако ја погледнеме њујоршката берза, таму просечна заработка е 13 проценти годишно – изјави Голдмен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top