Поранешниот прв тенисер на светот, Американецот Енди Родик откри дека малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу него и Новак Ѓоковиќ.
Родик, кој минатата година ја заврши професионалната кариера, во интервју за „Фокс спортс“ рече дека се скарал со Ѓоковиќ во соблекувалните на Отвореното првенство на САД во 2008 година.
– Влегов во физичка пресметка во соблекувалната по мечот со тенисерот чие име нема да го откријам, можам само да кажам дека се римува со Шмовак Шмоковиќ, а тоа се случи на ОП на САД. Пред нашиот натпревар зборував сешто, а тој излезе на теренот и ме победи. Тој по мечот рече нешто на моја сметка и влезе во соблекувалната. Тогаш го бутнав во шкафот, но брзо се смирив. Се оладив и се одлучив да се тргнам на страна – изјави Енди Родик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.