Без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат повеќе населби во неколку скопски општини.
Без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат повеќе населби во неколку скопски општини.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 8.30 – 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Тодор Чангов, ул. 50 и ул. 52 во населба Лисиче во општина Аеродром, од 8.30 до 13.30 часот корисниците од ул. Сречко Пужалка, ул. Товарник во село Сингилич, дел од село Јурумлери и објектите на Сепарацијата за песок на Ј.П. Водостопанство-Вардар, во општина Гази Баба·
Од 8 до 16 часот, корисниците од ул. Мите Богоевски, ул. Ван Гог, ул. 38 и ул. 51 во нас. Драчево, општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот, корисниците од ул. 4 во с. Бардовци, општина Карпош, од 9 до 14 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње и с. Долно Соње, општина Сопиште, од 9 до 15.30 часот корисниците од дел од с. Долна Матка кај викендиците, во општина Сарај, од 10 до 15 часот, корисниците од дел од с. Кондово во општина Сарај, од 13.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. 20 во с. Сарај, општина Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



