| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд со студени утра и сонце со „заби“

esen lisja
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утрински температури на некои места ќе се спуштат под нулата. Во текот на денот температурите ќе се движат од 7 до 18 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 14 степени.

Утре ќе имаме студено утро со можност од појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито.  Утринските температури ќе се движат од -4 до 6 степени, а дневните од 13 до 25 степени.

Во недела во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне се очекува наоблачување. Утринските температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а дневните од 12 до 23 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top