| четврток, 6 декември 2018 |

Лацио одигра нерешено, Легија загуби дома од Аполон

Лацио одигра без победник со резултат од 3-3 на гостувањето против Трабзонспор во Турција, кои на почетокот губеа со 3-1 но Флокари изедначи со два погодоци во 84. и во 85. минута од натпреварот.

Турците по само 20 одиграни минути дојдоа до предност од 2-0 со головите на Ердоган во 10.минута и Миржејевски во 20. минута. Намали Онази во 29.минута, но Трабзонспор повторно дојде до предност од два гола со погодокот на Енрике во 35.минута. Се до финишот кога на сцена стапи Флокари.

Во вториот натпревар од оваа група Легија дома загуби од кипарски Аполон со 0-1. Интересно беше и во Виена, каде Динамо Киев испушти предност од 0-2, па на крајот мораше да се задоволи со 2-2 на дуелот против Рапид Виена. Во оваа група белгиски Генк со 2-1 славеше против Тун.

 

РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА Л

АЗ Алкмар – ПАОК 1-1
Шахтјор К. – Макаби Хаифа 2-2

ТАБЕЛА:
АЗ Алкмар 4 бода
ПАОК 4 бода
Шахтјор 1 бод
Макаби Х. 1 бод

 

ГРУПА К

Анжи – Тотенхем 0-2
Тромзо – Шериф Т. 1-1

ТАБЕЛА:
Тотенхем 6 бода
Шериф Т. 2 бода
Тромзо 1 бод
Анжи 1 бод

 

ГРУПА Ј

Легија – Аполон 0-1
Трабзонспор – Лацио 3-3

ТАБЕЛА:
Трабзон 4 бода
Лацио 4 бода
Аполон 3 бода
Легија без бодови

 

ГРУПА И

Лион – Гимараеш 1-1
Ријека – Бетис 1-1

ТАБЕЛА:
Гимараеш 4 бода
Лион 2 бода
Бетис 2 бода
Ријека 1 бод

 

ГРУПА Х

Севилја – Фрајбург 2-0
Либерец – Есторил 2-1

ТАБЕЛА: Севилја 6 бода
Либерец 4 бода
Фрајбург 1 бод
Есторил без бодови

 

ГРУПА Г

Генк – Тун 2-1
Рапид В. – Динамо Киев 2-2

ТАБЕЛА: Генк 6 бода
Тун 3 бода
Динамо К. 1 бод
Рапид В. 1 бод

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top