| четврток, 6 декември 2018 |

Родригез: Сакам мажи, но сакам и жени

Убавата глумица Мишел Родригез одамна привлекува внимание со својата појава, па затоа сите се прашуваа зошто таа е секогаш сама на црвениот тепих.

Мишел ѕвездата од филмот „Брзи и бесни“ не се срамеше кога ја прашаа за нејзиниот став кога се во прашање врските.

Конечно атрактивната глумица ги прекина сите нагодувања и рече дека ја привлекуваат и мажи и жени.

-Јасно ми е дека тоа ги интересира луѓето. Никогаш не сум се појавила со некого на црвениот тепих, па тоа им отвори простор на луѓето да зборуваат. Секогаш имам машки улоги па затоа мислат дека сакам жени. Но не се далеку од вистината. Сум пробала и едно и друго. Сакам да пробам се кога имам прилика- изјави Родригез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top