Мис Македонија 2013, Кристина Спасеноска, на „Мис на светот“ го освои 73-тото место од 127 земји. Деновиве таа се врати во Македонија, целосно разочарана од лошата организација таму.
– Лоша организација, дефинитивно. Се однесуваа добро со нас само за да ни ги затворат устите. На крајот нè оставија сами на аеродром да се снаоѓаме како знаеме и умееме, некои од девојките плачеа. Сите плативме за тоа што имавме повеќе килограми во куферот од тоа што било дозволено на аеродромот, меѓутоа, не сакаа да не прашаат дали сакаме да извадиме нешто, туку само дека ќе мора да платиме за тоа, па така јас ги дадов последните 200 долари. – вели Кристина за Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.