Мис на Македонија за 2010 година Стефани Борсова-Стојановиќ за неколку недели ќе го роди своето прво дете.
Убавицата, која пред две години се омажи за српскиот бизнисмен Александар и со кого живее на релација Нови Сад – Сремска Митровица, за Вест вели дека едвај чека се породи и да ужива во убавините на мајчинството.
– Влегов во деветтиот месец од бременоста и сe потешко се движам. Иако доста ми порасна, сепак, стомакот ми изгледа одлично. Се надевам дека и по раѓањето кожата ќе ми остане затегната и мазна. Опкружена сум со вниманието на сопругот и на најблиските. Веќе подготвувам сe што е неопходно за бебето и подготвена сум да се соочам со предизвиците на мајчинството”, изјави убавицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.