Судското досие „Ликвидација“, во кое се обвинети судии, обвинители, адвокати и новинарот Томислав Кежаровски, е во финална фаза. В понеделник почнуваат завршните зборови на Јавното обвинителство и на адвокатите. Очекувано е дека обвинителот ќе го повика судот да им одреди затворски казни на сите, додека одбраната да повикува на ослободителна пресуда и да ги негира сите понудени докази, односно да го спори нивниот квалитет и содржина.
Потоа ќе следува пресуда, која е извесно дека ќе се објави во наредните две седмици. Денеска заврши доказната постапка во која како последен се појави експерт за оружје за да потврди дека пиштолот откриен кај обвинителот Ивица Ефремов бил функционален, но не бил користен во последно време. Инаку обвинетите се одговорни за злоупотреба на должноста, поткуп, а новинарот Кежаровски за откривање на идентитетот на загрозениот сведок во случајот „Ореше“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Комити повикуваат на собир пред Собранието: Излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
-
Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски
-
Денеска пресуда за грабежот во Тутунска – никој не знае каде се парите