| четврток, 6 декември 2018 |

Катимерини: Грците ќе ја продаваат Стопанска банка

Stopanska banka AD - Skopje

Националната банка на Грција ќе се повлече од пазарите во југоисточна Европа, во рамки на договорот, склучен меѓу оваа банкарска групација и Европската комисија, пишува весникот „Катимерини“.
Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се откаже од поголемиот дел од дејноста во југоисточна Европа.
На тој начин, Националната банка на Грција ќе се повлече од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија и Србија. Од топ-менаџментот на Стопанска банка велат дека во моментов овие информации се на ниво на шпекулации.
Кредитната институција ќе задржи 60% од акциите на банката „Финансбанк“ во Турција, а останатиот дел од 40% ќе бидат продадени на инвеститори во две етапи до крајот на 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top