Наградите „Зурма шоу“ синоќа по втор пат се одржаа во Приштина. Како едни од победниците си заминаа и македонските пејачи со албанско потекло Адријан Гаџа, Аделина Тахири и Туна Сејдиу.
Музичките награди беа доделувани во повеќе категории. Специјалната награда, која ја доделуваше телевизијата „Алсат“, замина во рацете на Аделина Тахири.
Туна освои статуетка за најдобар дует со нејзиното момче, раперот Цозман. Нивната заедничка песна „Феникс“ на „Јутјуб“ има речиси 12 милиони прегледи.
Адријан Гаџа, пак, ја доби наградата за најдобро видео, за песната „Ова срце“, која ја пее заедно со младиот Флоријани.
Познатата водителка Биг Мама, пак, доби награда за најдобра интерпретација.
Фото: Феста Красниќи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија








