Триесет и четири годишен делчевец е притворен во Скопје, за тоа што го запалил автомобилот на братот на невенчана сопруга, откако претходно му се заканувал, јави полицијата.
Секторот за внатрешни работи во Скопје поднеле кривична пријава против Б.М.(34) од Делчево поради кривично дело “предизвикување општа опасност“. Истражен судија му одредил мерка притвор во трање од 30 дена. Делчевецот поради нетрпение кон семејството на неговата невенчана сопруга со која имаат вонбрачно дете, по предходно упатени закани, на 4 и 5-ти годинава, меѓу 22 и 2 часот на булевар Видое Смилевски –Бато во Скопје на паркинг пред зграда со употреба на парче ткаенина и запалива течност предизвикал пожар под предниот дел од автомобил Фолксваген-Голф 4, сопственост на Д.Д., брат на невенчаната сопруга, по што го напуштил местото. Пожарот притоа предизвикал и оштетување на еден Мерцедес во сопственост на “Вертиго дизајн“ кое било паркирано до опожареното возило. Делчевецот порано бил пријавуван за кривично дело тешка кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


