Демократскиот сојуз изразува протест поради неможноста граѓаните на Република Македонија да го проследат во живо говорот на Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија.
„Вчеравечер, во МНТ се обрати Тони Блер, поранешен британски премиер, во рамките на Сахара Балканскиот мировен фестивал, но Македонската телевизија го прекина преносот за време на неговиот говор“, се наведува во соопштението на партијата на Павле Трајанов.
Поради тоа што интересот за настапот на Тони Блер бил огромен, Демократскиот сојуз бара организаторот на овој фестивал да им овозможи на граѓаните да го проследат „овој исклучително инспиративен говор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ни помалку, ни повеќе, Тони Блер, поранешниот британски премиер дава совети вредни 12 милиони долари
-
Шести март е Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот
-
Оскар 2018: Говорот на Френсис Мекдорманд кој ги натера да станат сите жени во салата (видео)
-
Тони Блер бара втор референдум за Брегзит